Дончиќ за историја – ги достигна Леброн Џејмс и Кевин Дурант! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден извонреден натпревар во својата дебитантска сезона во НБА лигата и оствари нов подвиг со кој влегува во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Младиот Словенец со 30 поени (8/14 од игра, 4/9 тројки) беше прв стрелец на теренот во победата на Далас против Феникс со 104-94. На Дончиќ ова му е четвртипат сезонава да постигне најмалку 30 поени на еден натпревар. На ова постигнување тој додаде и шест скока, пет асистенции и три украдени топки.

Ова е само седмипат во историјата на НБА еден тинејџер да го заврши натпреварот со вакви бројки. Уште поимпресивно звучи податокот дека Дончиќ со вечерашниот натпревар влезе во одбраното друштво на големите НБА ѕвезди. Бидејќи единствени двајца играчи кои успеале да го постигнат тоа досега се „кралот“ Леброн Џејмс и Кевин Дурант!

Се вчитува...