Далас го загуби и третиот меч во низа во финалната серија со Бостон, а нема дилема дека клучен момент на овој дуел беше шестата лична грешка што судиите му ја покажаа на Лука Дончиќ на нешто повеќе од четири минути до крајот.
Словенецот беше разочаран од ваквиот исход, особено откако неговиот тим потклекна во завршницата…
„Не можеме да играме физички, а ова е НБА-финале. Не сакам да говорам премногу, но шест фаули на меч од финалето… ајде човече, можете и подобро од ова“, порача Лука.
Погледнете го дуелот по кој беше досудена шестата лична грешка за Дончиќ, па самите проценете дали судиите ја донесоа вистинската одлука…
This was Luka Doncic’s sixth foul. Good or bad call? 🤔
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) June 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА