Донесена е одлука – Лео Меси останува во Барселона!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси ќе остане верен на Барселона, пренесуваат светските медиуми. По доаѓањето на Лапорта на чело на каталонскиот клуб, Меси ја променил својата одлука за напуштање на клубот, а како главна причина за тоа беше незадоволството од работата на претходниот претседател, Бартомеу.

Жоан Лапорта пред неколку дена успеа да обезбеди кредит од 500 милиони евра како би можеле да се доведат засилувања кои би му помогнале на Аргентинецот во освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Меси во Барселоан стигна пред 20 години, а оттогаш со каталонскиот клуб освои 36 трофеи. Забележа вкупно 778 меча, на кои постигна 672 гола.

 

Се вчитува...