Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за саботниот дуел против Борусија Дортмунд, објави угледниот германски Билд.
Станува збор за натпреварот од Суперкупот на Германија, а одлуката е поврзана со здравствената состојба на 23-годишниот германски репрезентативец. Мусиала доживеа загрижувачки ситуации на теренот двапати за само неколку дена. Прво се сруши за време на пријателскиот натпревар против Лајпциг, а потоа истото се случи и на натпреварот против Хајденхајм.
По вториот инцидент, Мусиала откри дека му е дијагностицирана невролошка дисфункција што предизвикува кратки и привремени епизоди на отсуство.
Германскиот фудбалер потоа рече дека ваквите епизоди се застрашувачки на прв поглед, но дека во моментов се чувствува добро и добива соодветна медицинска помош.
Токму поради сè што се случи, Баерн одлучи Мусиала да го пропушти претстојниот натпревар против нивниот голем ривал од Дортмунд.
Сепак, најновите информации носат и причина за оптимизам. Според истиот извор, се очекува Мусиала да се врати во тимот на Баерн за отворањето на новата сезона во Бундеслигата, со натпреварот против Штутгарт следната недела.
Особено е интересно што неговите лекари, според информациите на „БИЛД“, експлицитно му советуваат на Мусиала да продолжи да игра фудбал.
Неговиот секојдневен живот, вклучително и играњето фудбал, според препораките на експертите, е дел од процесот на закрепнување. Затоа, непосредната одлука да пропушти еден натпревар не значи долгорочно отсуство од теренот.
Самиот Мусиала претходно нагласи дека сака да продолжи да живее нормален живот и дека, со одобрение на невролошки експерти, решил да продолжи да го прави она што најмногу го сака.
„Мојата желба беше да се соочам со овие предизвици и, со одобрение на невролошките специјалисти, да продолжам да го правам она што најмногу ми помага во моето закрепнување, а тоа е едноставно да го живеам мојот секојдневен живот и да продолжам да ја следам мојата страст за играње фудбал.“
Неговата ситуација привлече големо внимание во Германија, но и низ целиот фудбалски свет. Пораки за поддршка веќе пристигнаа од Дортмунд, со акцент дека во вакви моменти, луѓето се поважни од спортското соперништво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
