Допинг потрес во тенисот: Падна водечката двојка на АТП листата

Најдобриот дубл-играч во светот, Роберт Фарах  е позитивен на допинг. Тестот правен во октомври минатата година му бил позитивен на болденон. За него во сила е автоматска суспензија, н натаму ќе треба да бидат донесени и дополнителни санкции.

„Пред неколку часа ИТФ ме извести за присуство на Болденон на тестот кој го направив на 17.октомври во Кали. Само две седмици претходно правев тест и тој беше негативен. во кариерата имам 15 негативни тестови. Како што сум информиран од колумбискиот олимписки комитет, боденон може да има во колумбиското место и може да влијае на резултатите“ – напиша Фарах кој минатата сезона со неговиот партнер Хуан Себастијан Кабал ги освои УС Опен и Вимблдон.

Фарах е Колумбиец роден во Канада. Тој претходно најви дека од приватни причини нема да настапува на Австралија Опен, но денеска беше објавена вистинската причина.

 

Се вчитува...