Дополнителни маки за Јувентус: Роналдо бара исплата од 20 милиони евра

Португалскиот ас Кристијано Роналдо од Јувентус ќе бара да му исплати 19,9 милиони евра на основ на долг, пишува „Газета“.

Наводниот износ одговора на исплата која била договорена помеѓу двете страни во текот на прекинот на натпреварувањето поради пандемијата на коронавирусот.

Италијанскиот клуб тврди дека го исплатил тој износ, но фудбалерот го тврди спротивното.

Италијанското обвинителство почна истрага поради наводни неправилности на финансиското работење на клубот, а управата на Јувентус поднесе оставки.

Поранешниот управен одбор се сомничи за кршење на правилата на лиценцирање на клубовите и финансиски „фер-плеј“. Тие се под истрага поради тоа што потпишале намалување на платите во текот на пандемијата, а наводно на играчите на кои им се намалени платите, им се исплаќале средства на црно, со што е избегнато плаќање на данок.

Се вчитува...