Дориев – играч на колото во Узбекистан, по хет-трикот за Согдиана (ВИДЕО)

Македонсиот репрезентативец Љупче Дориев одигра одличен натпревар за Согдиана во узбекистанскиот шампиона, сам носејќи ја победа од 3-1 за својот тим на гостувањето против Машал.

Дориев ги постигна сите три гола во победата на својот тим, па сосема очекувано е прогласен и за играч на 15. коло во узбекистанскиот шампионат.

Првиот гол Дориев го постигна уште во 5. минута, на стартот од второто полувреме стрелаше од пенал за 0-1, а потоа во 60. минута ја потврди убедливата победа на својот тим.


Љупче Дориев, со најновите три гола, е убедливо најдобриот стрелец во лигата со 11 гола.

Се вчитува...