Повратникот во македонската репрезентација Љупче Дориев, постигна два гола за неговата Согдиана во мечот против Бунјодкор одигран денеска во 8. коло во Узбекистанската Супер-Лига. Иако неговите голови донесоа предност од 2-0, сепак, на крајот гостите триумфираа со голем пресврт.
Дориев најпрво во 4. минута донесе предност, а потоа во 26. минута зголеми и на 2-0. На полувреме беше 2-1, а потоа и два гола во вториот дел за триумф на Бунјодкор. Инаку трите бола за гостите ги постигна Тошмирзаев.
Со овие два гола, Дориев постигна пет голови во осум натпревари за својата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

