Дориев под силни емоции: Тато, ова е за тебе!

Еден од најдобрите фудбалери на Академија Пандев, Љупче Дориев не можеше да ги сокрие силните емоции по освојувањето на својот прв трофеј во кариерата.

Со голот во финишот донесе продолженија за својот тим, а потоа беше успешен реализатор и во пенал-серијата. По завршувањето на натпреварот, Дориев го отвори срцето истакнувајќи дека ова е победа за неговиот татко Ристо Дориев…

„Премногу го посакував овој трофеј. Ова е титула за мојот татко кој повеќе не е со нас. Тато, ова е за тебе, знам дека секогаш си со мене. Ја чувствувам секогаш неговата поддршка и среќен сум што ете, на некој начин и за него, стигнав до трофејот“ – истакна по мечот Дориев.

Ристо Дориев е една од најголемите струмички фудбалски легенди, долгогодишен фудбалер на Беласица.

Се вчитува...