Македонија загуби од Бугарија на домашен терен во рамки на Лигата на нации со 0-1. Нашите момци имаа уште потешка задача, особено ако се има предвид дека останаа со играч помалку во текот на речиси целиот натпревар.
По поразот од Бугарија, свој коментар за овој двобој даде и Љупче Дориев.
„Без играч одигравме скоро 80 минути, но и во тој период покажавме добра игра, а на неколку моменти одигравме и подобро од Бугарија. Имаме млади момци кои поседуваат голем квалитет, ова е генерација која во иднина ветува многу“, изјави Дориев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА