Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев за првпат во својата кариера запиша три асистенции на еден меч.
Во победата на Согдијана од 1-3 на гостувањето против Термез во 17. коло од Суперлигата на Узбекистан, Дориев беше асистент на сите три гола за својот тим.
Па, сега со 12 гола и 6 асистенции во досегашните 17 коло од шампионатот, македонскиот крилен офанзивец е прв на МВП листата на најдобрите фудбалери во узбекистанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
