Дориев: Време е Шкендија да ја покаже својата класа!

Веќе шест рунди навивачите на Шкендија очекуваат и посакуваат нивниот тим да се врати на шампионските патеки согласно амбициите пред стартот на сезоната.

Далеку од посакуван е стартот на „црвено-црните“ на сезоната, поради што силно атакуваат денеска во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига на победа против Скопје во Автокоманда.

Фудбалерот од средниот ред Љупче Дориев верува дека Шкендија ќе почне победничка серија во првенството токму од овој натпревар.

„Против Скопје исто така не очекува тежок натпревар бидејќи секој противник што игра против нас, секој тим дава 200% против Шкендија. Имавме тежок натпревар во вторникот, но иако ни останаа само пет дена да се подготвиме, ние сме професионалци и ќе бидеме подготвени за овој предизвик. Верувам дека ќе започнеме серија победи и секако верувам дека оваа серија победи ќе започне од натпреварот против Скопје. Дојде време Шкендија да ја покаже својата класа“ – вели Дориев.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...