Дортмунд не е тим, туку болница: Дури 11 повредени играчи на „милионерите“

Борусија Дортмунд е второпласиран тим во Бундеслигата во моментов, и сезонава најави битка за титулата. Сепак, тешко ќе оди тоа со оглед дека „милионерите“ имаат повредени играчи. Дури 11 фудбалери во моментов се надвор од „строј“ во германскиот вицепрвак.

Дел од нив се стандарни првотимци, а добар дел од нив ќе ги нема подолго од терените како Халер и Мореу.

Така повредени се голманот Кобел, дефанзивците Гереро, Мореу, Камара, играчите од средниот ред Озчан, Дахуд, Ројс, Брант и напаѓачите Халер, Бајно-Гитенс и Мукоко.

Ова се големи проблеми за „милионерите“ во пресрет на дуелите во ЛШ со Севилја, како и големото дерби со Баерн на 8. октомври.

Се вчитува...