Дортмунд со мака до победа, Волфсбург загуби од Мехенгладбах

Борусија Дортмунд по тешко од очекувањата дојде до нова победа во Бундес лигата, „милионерите“ на домашен терен го победија тимот на Аугсбург со 2-1.

Фудбалерите на Дортмунд брзо го отворија овој меч со водство од 1-0, но до крајот на полувремето следуваше студен туш и резултат од 1-1.

Домаќините во вториот дел тргнаа со сите сили, па иако гостите беа цврсти во средината и одбраната, Јулијан Бранд во 51-та минута успеа да биде прецизен и да стане херој на овој меч за тимот од Дортмунд.

Со оваа победа „милионерите“ имаат 15 бода и се наоѓаат на 2-то место.

Од останатите натпревари, Волфсбург го приреди изненадувањето во Бундес лигата откако на домашен терен беше поразен со резултат од 1-3.

 

 

Се вчитува...