Доскорешниот фудбалер на Ливерпул е трансфер мета на Бешикташ

Поранешниот репрезентативец на Англија, Алекс Окслејд-Чемберлин кариерата може да ја продолжи во турското првенство каде за неговиот ангажман постои голем интерес од Бешикташ кој му нуди двогодишен договор, пренесуваат тамошните медиуми.

Играчот од средниот ред е слободен играч откако му истече договорот со Ливерпул. За „црвените“ настапуваше од 2017 до 2023 година, период во кој настапи на 146 натпревари на кои постигна 18 голови, а се закити со медалите во Премиерлигата и Лигата на Шампионите.

За Окслејд-Чемберлин кој претходно ги бранеше боите на Арсенал и Саутемптон постои интерес и од Саудиска Арабија.

Се вчитува...