Довициозо ја доби драмата со Маркез за триумф во Австрија (ВИДЕО)

Андреа Довицозо од Дукати успеа да се одбрани од нападите на актуелниот Мото ГП шампион, Марк Маркез во последните кругови од трката за Големата награда на Австрија за прва победа на Ред Бул Ринг во кариерата.

Марк Маркез за кратко ја имаше лидерската позиција која ја презеде на три круга пред крајот, но ја загуби буквално во последниот свиок и заврши на втората позиција. Трката во Австрија е единствената на која Шпанецот нема победа. Фабио Квартараро заврши на третата позиција, ова за него е трет пласман на подиумот сезонава.

Благодарение на втората сезонска победа, првата беше на отворањето на сеозната во Катар, Довициозо успеа да го намали заостанувањето зад Маркез кој е лидер во генералниот поредок. Сепак Шпанецот има солидни 58 бода предност.

Следната, 12-та  трка од шампионатот, по две седмици е за Големата награда на Бритајина на Силверстоун.

 

 

Се вчитува...