Довициозо на пол – позиција во Јапонија

Андреа Довициозо ќе стартува од првиот ред на утрешната трка од Мото ГП шампионатот која ќе се одржи во Јапонија. Тој беше најбрз во квалификациите и зад себе ги остави Јохан Зарко и Џек Милер.

Лидерот Марк Маркез имаше слаб настап и ќе стартува од шестата позиција на утрешната трка. Пред него се пласираа Кал Крачлоу и Андреа Јаноне, а Валентино Роси разочара уште повеќе и трката ќе ја започне од деветтото место.

Се вчитува...