Дождот направи хаос: Откажана Мото ГП трката во Силверстоун

Трката што требаше да се одржи денеска на патеката Силвертоун во рамките од Мото ГП шампионатот е откажана поради поројните дождови што паѓаа во тој дел од Велика Британија во последните денови.

Возачите се соочија со проблеми и за време на квалификациите, откако Тито Рабат по излетувањето од влажната патека се здоби со тројна фрактура на ногата. Планот беше денеска трките да стартуваат порано од предвиденото, но порани и дождот што повторно ги наруши плановите на организаторите.

Обидите патеката да се оспособи за возење не успеаја бидејќи дождот во меѓувреме не престана да врне, па иако се обидуваше да се најде начин трката да се одржи организаторите на крајот сепак објавија дека таа е откажана.

Се вчитува...