Дождот направи хаос во Кратово: Одложен мечот Силекс – Скопје

Стартот на вториот дел од сезоната во фудбалската Прва лига не може да мине без проблеми. Почетокот на дербито меѓу Шкендија и Вардар е одложен за 20 минути, додека натпреварот меѓу Силекс и Скопје нема да се игра поради очајните услови за игра на теренот во Кратово.

Овој натпревар беше неизвесен поради дождот што паѓаше во изминатиот период, а официјалните лица по утврдената фактичка состојба донесоа одлука дека не постојат услови за одигрување.

Неофицијално, овој меч би требало да се игра наредната среда.

Се вчитува...