Дождот не престанува, фудбалерите ќе имаат тешки услови за игра

Дождот веќе неколку часа паѓа во Скопје, и го поплави теренот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Фудбалерите ги чекаат крајно тешки услови за игра вечерва на тревникот.

Останува да се види како ќе биде пред почетокот на натпреварот, но во моментов теренот не е во најдобра состојба. Прогнозата е дека дождот ќе биде присутен во првиот дел, додека можеби ќе прекине во текот на второто полувреме.

Во секој случај на играчите нема да им биде сеедно со оглед дека во вакви услови се менуваат многу нешта од тактичко-технички план.

Се вчитува...