Драган Христовски нов тренер на Борец Велес

Драган Христовски е именуван за нов тренер на второлигашот Борец од Велес.

Христовски, кој е поранешен тренер на Победа и Брегалница, доаѓа на местото на Пане Блажевски, во обидот Борец Велес следната сезона да се избори за влез во прволигашкото друштво.

Велешани изминатава сезона беа на чекор од Првата лига, но загубија во финалниот бараж од прилепска Победа.

Стартот на подготовките е на 4. јули, а од 23. до 30.јули подготовките ќе се реализираат во Пехчево за кога се планирани неколку тест дуели.

Се вчитува...