Драган Начевски на работ на солзи: Во животот немам ништо згрешено, немаат доказ, правдата е слепа…

Драган Начевски на денешното Собрание на РФМ се обрати пред клубовите и ракометната јавност, по изречената суспензија од страна на ЕХФ.

Начевски со години исклучително успешно ја извршуваше функцијата Претседател на судиска комисија на ЕХФ, по што беше суспендиран поради непријавување на обид за поткуп, иако од самите докази јасно се гледаше дека тој ја одбива понудата

„Во животот немам направено ништо, немам згрешено ништо. Слепа е правдата во европската куќа на ракометот, имав три мандати избран од Конгресот на ЕХФ. Стојам пред сите вас и велам дека ништо не сум згрешил, во целиот процес не докажаа апсолутно ништо, немаат никаков доказ, само тој збор дека не сум пријавил… Каде е Карабатиќ и компанија кои беа осудени на редовен суд, каде требаше веднаш да бидат суспендирани и никогаш повеќе да не играат ракомет во европски рамки. Сепак, ние сме балкан и со тоа им бодеме очи. Благодарност до Ракометната Федерација на Македонија за поддршката што ми ја даваше сиот овој период“, изјави Драган Начевски пред Собранието на РФМ.

На неговата изјава се надоврза и претседателот Живко Мукаетов.

„Мене како претседател на РФМ ми е чест и гордост што те познавам, можам да кажам дека ти си еден од луѓето кои дале значаен придонес за развојот на македонскиот ракомет. Јас лично и како претседател на федерацијата сум ти благодарен за сето она што го имаш направено“, возврати Живко Мукаетов.

Се вчитува...