Драгана Цвијиќ наместо во Ѓер се сели во Букурешт?

Српската репрезентативка Драгана Цвијиќ, по заминувањето од Вардар на крајот од сезоната, наместо во Ѓер, може да се пресели во редовите на ЧСМ Букурешт.

Ѓер ги официјализира трите нови засилувања за новата сезона, а меѓу нив не е пикерот на Вардар. Нови имиња во дресот на Ѓер од следната сезона ќе бидат – Амандин Лејно (Вардар), Кари Братсет (Виперс) и Вероника Кристијансен (Митјиланд).

Токму ангажирањето на Братсет на пикерската позиција, според романските медиуми укажува на истата позиција нема да ја земе и Цвијиќ и дека српската ракометарка сега е многу поблиску до втората алтернатива – трансфер во ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...