„Драгао“ експресно распродаден: За Македонците резервирани 2.500 билети

Португалската фудбалска федерација објави вечерва дека стадионот „Драгао“ во Порто е експресно распродаден за финалето од баражот за пласман на СП 2022 против Македонија кое се игра на 29. март со почеток од 20:45 часот.

Португалците потенцираат дека веднаш се распродадени 50.000 билети за домашните навивачи кои ќе го окупираат најголемиот стадион во желбата да се даде поддршка на Кристијано Роналдо и репрезентативците на патот кон Мундијалот во Катар.

Согласно правилата на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија се очекува да располага со 2.500 билети за македонските навивачи. Но, по техничките состаноци меѓу претставниците на двете федерации ќе бидат утврдени и бројката и начинот на продажба на билетите за македонските фанови со оглед на тоа што е екстремно краток рокот и за распределба и купување на билетите.

Се вчитува...