„Драгао“ се сеќава и на дуелот меѓу Порто и Вардар од Купот на европските шампиони во 1987 година (ФОТО)

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Во музејскиот дел на импозантното здание во Порто, „Драгао“ се сеќава и на натпреварот меѓу Порто и тогаш шампионот на поранешна СФРЈ, македонскиот Вардар во Купот на европските шампиони од 1987 година.

Издвоени се фотографии од Порто од 1987 година, и токму годината во која Португалците претходно се закитија со европската титула.

Вардар тогаш, со својата златна генерација, беше шампион на поранешна Југославија, но не успеа да парира на еден од најдобрите европски тимови во тоа време, па и на двата натпревари, и во Скопје и во Порто загуби со по 0-3.

Мадјер со два погодоци и Соуса беа стрелци за Порто на натпреварот во Португалија на кој победија со 3-0.

Тогаш за Вардар настапуваа Грошев, Станојковиќ, Симоновски, Канатларовски, Бабунски, Најдоски, Аврамовски, Симовски, Панчев, Савевски и Георгиевски како безмалку стандардни 11, а дополнувани со Трајчевски, Џипунов…

Се вчитува...