Драгиќ се простува од репрезентацијата на Евробаскет 2017

Горан Драгиќ ги изненади словенечките кошаркарски фанови со одлуката во иднина да не настапува во дресот на својата репрезентација. Тој ќе му биде на располагање на селекторот Кокошков за Евробаскет 2017, но објави дека планира потоа да се посвети на својата кариера во НБА-лигата и затоа нема да може да одговори на обврските на репрезентативен план.

Ова значи дека претстојните средби од Евробаскет ќе бидат последни за извонредниот плејмејкер во репрезентативниот дрес. Словенија е дел од групата А заедно со селекциите на Грција, Полска, Франција, Финска и Исланд.

Драгиќ ќе биде главен адут на Словенците заедно со суперталентираниот Лука Дончиќ, а оваа селекција ќе има и помош од Американецот Eнтони Рендолф од Реал Мадрид.

Се вчитува...