Дракслер донесе победа за ПСЖ во Рен

Фудбалерите на ПСЖ славеа минимално со 0-1 на гостувањето во Рен во 20. коло од шампионатот на Франција, по што ја продолжуваат трката со Ница и Монако за шампионската титула сезонава.

ПСЖ до триумфот стигна благодарение на голот на германскиот репрезентативец Јулиан Дракслер во 39. минута од средбата.

Julian Draxler Goal HD – Rennes 0 – 1 PSG – 14… by GoalReplay

Со најновите три бода, ПСЖ сега има 42 бода, колку и Монако на втората позиција на табелата, а со два бода помалку од водечката Ница. Притоа, Монако и Ница имаат натпревар помалку од тимот од Париз.

Се вчитува...