Драма: Автогол на Рамос и продолженија во Мадрид

Реал Мадрид и Баерн Минхен преку дополнителни 30 минути игра ќе го одредат вториот полуфиналист во Лигата на шампионите, откако баварскиот гигант по регуларните 90 минути славеше со 1-2, стигнувајќи ја идентичната предност што Реал ја имаше по првиот натпревар на „Алијанц Арена“.

Најголемите возбудувања можеа да се проследат во второто полувреме, најпрвин Баерн поведе со сомнителен пенал над Робен што Левандовски го претвори во гол, за потоа Роналдо на десетина минути до крајот да израмни на 1-1. Реал уште го прославуваше тој погодок кога Баерн повторно поведе, овојпат по големото недоразбирање меѓу Рамос и Навас по кое дефанзивецот го постигна еден од најсмешните автоголови оваа натпреварувачка сезона во ЛШ.

Баерн ќе има тешка задача во продолжението бидејќи ќе игра со фудбалер помалку по исклучувањето на Видал, сосема неправилно покажан црвен картон во ситуација кога Чилеанецот стартуваше на топка, но судијата Касаи сепак му го покажа патот кон соблекувалната.

0-1 Robert Lewandowski Penalty Goal 18.04.2017 HD by dailyfootballkick

Cristiano Ronaldo GOAL – Real Madrid 1-1 Bayern… by Football–Live

1-2 Sergio Ramos Own Goal 18.04.2017 HD by dailyfootballkick

Се вчитува...