Драма: Елче промаши пенал во 90. минута, Атлетико до среќна победа (видео)

Атлетико Мадрид стигна до огромни три бода во трката за титулата триумфирајќи со 0-1 на гостувањето против Елче. Мора да се истакне дека триумфот на „јорганџиите“ е максимално среќен, ако се знае дека Елче во 90. минута имаше пенал, но ударот од белата точка на Фидел заврши во дирекот од голот на Јан Облак.

Првото полувреме мина во апсолутна доминација на Атлетико, најпрвин беше поништен голот на Суарез, потоа Љоренте го постигна голот за водство, а пред крајот на полувремето најпрвин беше досуден пенал за гостите од Мадрид, а потоа истиот беше поништен по реакцијата на ВАР-арбитрите.

Сепак, како што одминуваше времето Атлетико се затвораше, а таквиот пристап за малку ќе беше казнет во завршницата. Елче промаши зицер кога Бараган биеше непрецизно од непосредна близина во 85. минута, за во самиот финиш да следи и нереализираниот пенал на домашниот состав.

Атлетико Мадрид со денешната победа има пет бода предност, но и натпревар повеќе во однос на Реал Мадрид и Барселона, кои се наоѓаат на делба на второто место на табелата.

Се вчитува...