Драма на „Пољуд“: Хајдук елиминиран од Малтежани во 96. минута, „Торцида“ влегоа на терен (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше на „Пољуд“ на реванш дуелот од квалификациско коло во Лига Европа меѓу Хајдук и малтешката Гзира. Сплитските „бели“ од гостувањето во Малта имаа победа од 0-2, па се чинеше дека само рутински ќе обезбедат пласман во следната рунда. Но, доживеаја шокантен пораз од 1-3 со гол во 96. минута.

Голот за огромна радост на Малтежаните го постигна Коне во 96. минута…

Веднаш по крајот на мечот, разбеснетите домашни навивачи ја пробија оградата и влетаа на терен во обид за физичка пресметка со фудбалерите на Хајдук и раководството на клубот. Полицијата успеа привремено да ја смири ситуацијата, иако хаосот се пренел и надвор од стадионот, на улиците во Сплит.

Се вчитува...