Драма во Бруклин: Искри на терен, тензија и физички пресметки… (ВИДЕО)

Филаделфија славеше против Бруклин со 108-112 во повеќе од тензичен натпревар во плеј-оф разигрувањето од НБА лигата. При израмнет резултат, Нетси имаа напад за победа но на Џерет Ален буквално му испадна топката од рацете и тоа беше крај на приказната.

А, на натпреварот претходно секакви случувања – па и постојани обиди за физички пресметки меѓу кошаркарите. Кон средината на третата четвртина, Џаред Дадли се впушти во пресметка со Ембид и Батлер, за да на крајот судиите ги исклучат Батлер и Дадли од игра.

 

Најдобар во редовите на Филаделфија беше Џоел Ембид со 31 поен, 16 скока и седум асистенции. Одличен беше и Тобијас Харис со 24 поени, осум скока и шест асистенции. Во противничкиот состав квалитетна партија имаа Џарет Ален со 21 поен и осум скока како и ЛеВерт со 25 поени, пет скока и шест асистенции.

Се вчитува...