Карлос Руесга беше херој на Спортинг Лисабон во победата во Русија над Чеховски медведи во рамките од второто коло од групата во ЛШ во која се наоѓа и Металург.
Рускиот првак имаше водство од четири гола по првиот дел, Спортинг се врати, а кога беше досуден прекршок со звукот на сирената се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, 22-22. Сепак, Руесга го потвди епитетот на ракометен волшебник откако со извонреден удар со звукот на сирената им донесе радост на гостите од Португалија.
How to decide a match? @CRuesga11 knows how!#ehfcl @ehfcl pic.twitter.com/Dgv2RsMi4c
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) September 22, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА