Џамал Мусиала, без сомнение, ги загрижи фудбалските фанови низ целиот свет, а особено луѓето во Баерн, колабирајќи двапати за два дена на пријателските натпревари за тимот.
Во Минхен и тоа како се загрижени, а Ули Хенес вели дека Мусиала е голем проблем. Веќе има и гласини дека би можел да направи подолга пауза за да избегне посериозен здравствен проблем.
„Тоа е вистинска драма, особено за Џамал“, вели Хенес и дополнува:
„Имаше одредени знаци дека е во неволја, но тоа никогаш порано не му се случило во клубот. Сега му се случи двапати за неколку дена. Тоа е огромен проблем, особено за Џамал, но и за клубот. Бевме без зборови. Не бевме подготвени за ова. Ќе мора да најдеме начин да се справиме со оваа ситуација. Ретко сум без зборови, но сега сум. Си легнувам и се будам мислејќи на него. Седев на каучот и не можев да верувам што се случува.“
Баерн знаеше за проблемите на Мусијала. Сепак, она што му се случува сега никогаш претходно не се случило.
„Одамна имавме информации дека има проблеми. Имаше одредени знаци, но тој тренираше и играше. Не знам дали овие проблеми влијаеле на неговите игри или стануваше збор за проблем со зглобот. Нашиот став беше дека неговата нова ера започнува по Светското првенство, со добра предсезона. Потоа ова се случи во првиот натпревар. Шокирани сме.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
