Драма во последното коло во Сегунда: Ваљадолид и Алмерија нови членови на Ла Лига

Неверојатна ноќ во шпанската Сегунда, во која се одлучуваше кои екипи директно ќе влезат во Ла Лига идната сезона. На крајот во голема драма, најголем губитник излезе Еибар кој беше поразен од фенерџијата Алкорон, и го загуби директниот пласман во „елитата“.

Алмерија и Ваљадолид го искористија киксот на Еибар, и обезбедија директно учество во „елитата“ на Шпанија, а Еибар ќе мора преку бараж да бара враќање во Ла Лига.

Еибар, пак, ќе игра во баражот против Жирона која заврши како шестопласирана, а вториот полуфинален пар ќе биде Лас Палмас и Тенерифе, дерби на Канарските острови. Вкупниот побендик од овие два баражи ќе биде третиот учесник во Ла Лига.

Од Ла Лига во Сегунда испаднаа Гранада, Леванте и Алавес.

Се вчитува...