Драма во семејството на НБА ѕвезда: Мајката на Карл-Ентони Таунс во кома поради коронавирусот (ВИДЕО)

Ѕвездата на Минесота, Карл-Ентони Таунс стана најновото јавно лице во борба против коронавирусот откако во емотивно видео објави дека неговата мајка веќе една седмица е во болница поради здравствени компликации последица од COVID-19. Таунс објаснува дека неговата мајка, Жаклин Круз е во медицински индуцирана кома и на вентилатор.

„Мислам дека е многу важно сите да ја разберат тежината на ова што се случува во светот со коронавирусот и решив дека можам да помогнам со ова видео. Минатата седмица ми кажаа дека моите родители не се чувствуваат добро. Им реков веднаш да одат на лекар. Сестра ми се сети дека мајка ми треба да биде тестирана за корона. Едноставно не и стануваше подобро, имаше висока температура. Белите дробови и беа се полошо, кашлицата уште полоша. Сега и даваат лекови кои очекуваме дека ќе помогнат“ – вели Таунс меѓудругото во подолго видео.

 

Се вчитува...