Пред Големата награда на Монако , од таборот на еден од фаворитите на трката пристигнаа загрижувачки вести. Шефот на тимот на Ферари, Фредерик Васер, е хоспитализиран и ќе ги пропушти квалификациите.
Васер беше на патеката во петокот, каде што Ферари ги освои првото и второто место на обете слободни тренинг сесии, но тимот објави во саботата, пред последната тренинг сесија, дека тој е на медицински третман во близина на Монако. Васер, 58, е шеф на тимот на Ферари од почетокот на 2023 година.
„Фред Васер нема да биде присутен на патеката денес. По одредени медицински прегледи, Фред ќе остане под надзор во локалната здравствена установа. Нема да објавуваме никакви дополнителни медицински информации. Му посакуваме на Фред брзо закрепнување и со нетрпение го очекуваме неговото скоро враќање на патеката“, објави Ферари.
Update from Monaco pic.twitter.com/1HXBvGNypz
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) June 6, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
