Драма во Токио: Францизинот Алиев беше дисквалификуван поради удар со глава па протестираше во рингот (ФОТО)

Вистинска драма се случи на боскерскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио во супертешка категорија откако францускиот боксер со руско потекло, Мурад Алиев беше дисквалификуван во четвртфиналната борба против Фрејзер Кларк.

Имено, американскиот судија се одлучи на ваков потег откако процени дека Алиев со глава го удрил боксерот од Велика Британија. Алиев кој тврди дека немал намера да зададе удар со глава, не можеше да се помири со оваа одлука. Французинот „дивееше“ во рингот, викаше дека тој е победник, а откако не доби објаснување од судијата седна на подот и цел час одбиваше да го напушти рингот.

„Ова е мој начин на протест за нефер одлуката. Тренирав напорно за да дојдам тука, а кога го направив тоа изгубив поради одлука на судија. Сакав да се борам против целата неправда, но се чини дека уште пред почетокот на мечот одлуката беше јас да загубам“, изјави Алиев кој во квалификациите за Олимписките игри го победи Кларк.

Се вчитува...