Драма во Валенсија: Барди и Леванте го згаснаа шампионскиот сон на Барселона

Шансите на Барселона за освојување на титулата во Ла Лига се сведени на теорија откако каталонскиот гигант не стигна до цел плен на гостувањето против Леванте на Енис Барди. Барса имаше водства од 0-2 и од 2-3, но слабата одбрана повторно беше клучен проблем, па Леванте со три гола во второто полувреме се спаси од пораз, воедно и го згасна шампионскиот со на Меси и соиграчите.

Каталонците одиграа импресивно прво полувреме во кое создадоа неколку стопроцентни шанси, реализирајќи две преку Меси и Педри. Кога се чинеше дека триумфот ќе биде рутински, Леванте за само неколку минути израмни на 2-2, по што домашниот тренер во 61. минута го повлече Барди од игра. Барселона повторно поведе со голот на Дембеле, но и тоа беше недоволно да се стигне до цел плен бидејќи Леванте постигна и трет гол, преку Леон, за освојување на еден бод против големиот фаворит.

Барса сега има еден бод предност во однос на Реал Мадрид, но се уште заостанува еден бод зад лидерот Атлетико Мадрид, а тимот на Куман има и меч повеќе од мадридските гиганти. Атлетико утре ќе го пречека Реал Сосиедад, додека Реал в четврток ќе го игра својот натпревар од ова 36. коло, на гостински терен против Гранада.

Се вчитува...