Драмата на Запад продолжува, победи за Денвер и за Лос Анџелес Клиперс (ВИДЕО)

Со пресврт, најмногу благодарение на одличната последна четвртина, Денвер ја спречи Јута да обезбеди пласман во полуфиналето на Западната конференција. Го доби натпреварот број пет од првото коло во серијата со 117-107, намали на 3-2 во победи  и си го продолжи престојот во разигрувањето.

&;

Џамал Мареј повторно беше одличен кај Денвер, псотигна 42 поени, беше клучен во периодот на пресвртот и влезе во историјата на Лигата како еден од ретките со два врзани натпревари со плус 40 поени во плеј-офот. Никола Јокиќ имаше 31 поен. Кај Јута, Донован Мичел заврши со 30 поени. Шестиот натпревар е веќе утре, а победникот од оваа серија ќе игра полуфинале против подобриот од дуелот меќу Лос Анџелес Клиперс и Далас во кој тимот од „градот на ангелите“ поведе со 3-2 откако беше поуспешен во петтата средба со 115-111.

„Клиперс“ беа доминантни на средбата, Далас парираше само во втората и во третата четвртина, но беше далеку од резултатски баланс. Пол Џорџ со 35 и Каваи Ленард со 32 поени беа лидери во триумфот на ЛА Клиперс кои сега се на една победа до пласман во полуфиналето. Кај Далас, Лука Дончиќ заврши со 22 поени.

Се вчитува...