Драматична победа на Денвер, Голден Стејт славеше во западното дерби (ВИДЕО)

Шампионот Голден Стејт беше доминантен на гостувањето кај Оклахома, триумфираше со 110-88 за 47 сезонска победа и минимална предност пред Денвер во трката за лидерската позиција во Западната конференција. Стеф Кари погоди пет пројки и вкупно 33 поени во победничкиот состав додека Пол Џорџ имаше 29 поени кај Оклахома која повторно падна на петтата позиција на Запад со ефект од 42/28. За Оклахомаова беше втор последовен неуспех и трет пораз на последните пет натпревари.

Со поените на Пол Мислап на седум секунди пред крајот, Денвер дојде до победата од 102-100 над Индијана. Во неизвесниот натпревар, второпалсираниот тим на Запад во завршните три минути беше без првиот стрелец, Никола Јокиќ кој мораше да го напушти теренот поради втора техничка. Јокиќ постигна 26 поени. Денвер сега е на биланс 46/22, една победа помалку и еден пораз повеќе од лидерот Голден Стејт. Индијана е четвртопласирана на Исток.

 

Без повредениот Лука Дончич, Далас забележа победа од 121-116 над Кливленд, Сан Антоио оствари тесна победа над Портланд од 108-103, додека во најнеизвесниот натпревар Феникс по продолженија го победи Њу Орлеанс со 138-136.

Се вчитува...