Драматични сцени во Лига Европа: Соиграчите на терен го спасуваа животот на Словенецот Бајриќ (ВИДЕО)

Повеќе од драматични сцени на синоќешниот натпревар меѓу Вулверхемптон и Слован Братислава во Лигата на Европа. Фудбалерот на Слован, Кенан Бајриќ доби силен удар од противничкиот фудбалер Хименез по што падна во бессознание.

Речиси десет минути траеше борбата на докторите на тимот но и соиграчите на Бајриќ да го спасат животот на словенечкиот фудбалер. Соиграчите најпрво не дозволија да го голтне јазикот, а по десетминутна „борба“ и укажување помош Бајриќ се освести и веднаш беше префрлен во најблискиот клинички центар…

Се вчитува...