Драстично ќе падне цената на Мбапе?

Килијан Мбапе го одбил предлогот на Пари Сен Жермен за нов договор и извесно е дека следното лето ќе си оди од Франција, тврди “Le Parisien“. Веста дека Мбапе би си заминал не е нова, но според овој медиум, ПСЖ за него ќе добие многу помалку од тоа што очекува. Очекувањата беа дека Мбапе ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2022, а клубот ќе го ослободи следното лето. Сепак францускиот репрезентативец наводно не се согласил на продолжувањето.

Ова би значело дека цената на Мбапе ќе падне за околу 100 милиони евра следното лето во кое ќе влезе во последната година од договорот, а на ПСЖ му се заканува и опасноста да го загуби и без отштета. Заинтересирани за Мбапе има многу, но тврдењата се дека тој ќе го избере Реал Мадрид кој на неговто доаѓање работи веќе неколку години. Минатото лето се споменуваше цена од 300 милиони евра, но сега ПСЖ би можел да добие и само 100 милиони.

Се вчитува...