Дресот на Барселона за следната сезона исмејан од фановите – Дизајнот изгледа како за игри во „циркус“ (ФОТО)

Најголемите клубови во Европа сè повеќе ги менуваат боите што ги карактеризираат, а се чини дека и Барселона тргна по тој пат. Страницата „Footy Headlines“, која се занимава со изгледот на дресовите, го објави дизајнот на дресот на Барселона што навивачите ќе можат да го купат во фан-продавниците.

Во дресот доминираат шарените бои, а грбот на Барселона е на средината, додека задниот дел на дресот и ракавот се во една боја.

Првите реакции на навивачите на Барселона се главно негативни. Некои од нив се надеваат дека можеби ова не е непријатна првоаприлска шега, додека други мислат дека децата би дизајнирале пооригинален дрес. Сепак, овој дрес е резервиран само за навивачите, па Меси и компанија сигурно нема никогаш да го носат!

 

 

Се вчитува...