Дрогба потпиша за Коринтијанс

Легендарниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба, кој во изминатиот период настапуваше за Монтреал во МЛС – лигата, нема намера да ја заврши својата кариера и ќе продолжи да игра најмалку уште една сезона. Тој се сели во Бразил и ќе го носи дресот на Коринтијанс, со кој потпиша едногодишен договор. Бразилските медиуми информираат дека Дрогба ќе заработува 150.000 американски долари месечно и се уште се чувствува максимално подготвен.

„Сакам да играм фудбал и понатаму. Се уште имам силни нозе и со топката се чувствувам како мало дете. Имам мали проблеми со колената, но ќе ги надминам брзо“, изјави Дидие Дрогба.

 

Се вчитува...