Дрогришки и Еурофарм Работник ја прекинаа соработката

Повремениот македонски репрезентативец Стефан Дрогришки не е повеќе во составот на еурофарм Работник. Од битолскиот тим денеска информираа дека спогодбено е прекината соработката со Дрогришки.

„РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека денеска спогодбено ја прекина соработката со Стефан Дрогришки. Во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме на Стефан за сите досегашни заеднички мигови и да му посакаме многу успех во понатамошната спортска кариера“ – стои во соопштението од Еурофарм Работник.

Стефан Дрогришки потекнува од школата нма Пелистер, една сезона настапуваше во Металург од каде минатата сезона пристигна во Еурофарм.

Се вчитува...