„Дрвосечачот“ ќе го предводи Нов Зеланд на СП во Кина

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Нов Зеланд, Пол Енар го објави списокот од 25 кошаркари на кои ќе смета за претстојното Светско првенство во Кина. Најзвучно име на списокот е центарот на Оклахома Сити Тандерс, Стивен Адамс.

Центарот на Оклахома се уште не го потврди учеството на Мундобаскетот, но бидејќи се наоѓа на поширокиот список на селекторот, се очекува тој да ја предводи репрезентацијата.

Светското првенство на програмата е од 31. август до 15. септември, а титулата од минатиот шампионат ја брани репрезентацијата на САД.

Списокот на кошаркари:

Бекови: Шеј Или, Тај Вебстер, Џерод Кени, Кори Вебстер, Итан Русбец, Тејлор Брит, Круз Перо-Хант и Тејн Мареј.

Крила: Том Аберкомби, Џордан Енгтаи, Рубен те Ранги, Дан Фоту.

Центри: Стивен Адамс, Мика Вукона, Фин Дилејни, Ајзак Фоту, Макс Дарлинг, Том Водановиќ, Јани Ветсел, Тохи Смит-Милнер, Роб Лу, Алекс Плежер, Тајлер Херисон, Јуат Алок и Сем Тиминс.

Се вчитува...