Ду Риц се врати во Рајн Некар Левен: Не можам да верувам дека пак сум овде

Веќе нема дилеми, Ким Екдал Ду Риц повторно ќе игра ракомет и ќе го облече дресот на Рајн Некар Левен. Шведскиот бек на крајот од ланската сезона објави дека на 26-годишна возраст ја завршува кариерата за да тргне на пат околу светот, но половина година подоцна ги промени плановите за иднината и повторно да му се посвети на ракометот. Ду Риц и официјално потпиша нов договор со актуелниот првак на Германија, не криејќи го задоволството што повторно ќе го облече дресот на „лавовите“.

„За мене ова е сон… не можам да верувам дека пак сум овде. Едвај чекам пак да заиграм ракомет за Рајн Некар“ – изјави Ду Риц на својата промоција.

И раководството на германскиот шампион не го криеше задоволството од соработката со шведскиот интернационалец.

Цело време ја следевме неговата ситуација и штом стана достапен и реши да се врати, веднаш реагиравме. Јасно е дека нема да може да игра 60 минути, но можам да кажам дека дојде пред неколку седмици на тренинг и остави одличен впечаток. Тој ќе биде големо засилување за нас, не само со квалитетот на игра туку и за подобрување на атмосферата во екипата“ – изјави директорот на „лавовите“, Оливер Рогиш.

Се вчитува...