Кошаркарите на Дубаи поведоа со 1-0 во финалната серија во АБА лигата против српскиот Партизан, откако во првиот натпревар одигран вечерва славеа на домашен терен со сигурни 99-93.
Натпреварот почна фуриозно на двете страни откако двата тима погодуваа од секоја позиција. Во оваа игра подобро се снајдоа домаќините кои по десет минути игра имаа позитива од 29-24. Добрата игра на Дубаи продолжи и во вториот период, па на пауза меѓу двете полувремиња се замина со водство на тимот од Обединетите Арапски Емирати од 53-44.
Во вториот дел избраниците на Секулиќ го исконтролираа мечот за конечен триумф од 99-93 и водство во серијата од 1-0. Џанан Муса со 22 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Стерлинг Браун постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
