Дубаи е предизвикувачот на Партизан во финалето на АБА лигата

Кошаркарите на Дубаи се пласираа во финалето на АБА лигата откако убедливо го победија Будуќност со 103-77 (25-18, 29-21, 24-19, 25-19) во мајсторката на полуфиналната серија.

Во победничкиот тим, Џанан Муса беше најефикасен со 20 поени, додека Кабенгеле додаде 13 поени. Двоцифрен број на поени имаше и Двејн Бејкон со 12 поени, односно Кенан Камењаш, кој забележа дабл-дабл учинок од 11 поени и 10 скока.

Кај Будуќност, Јоги Ферел беше најефикасен со 17 поени.

Тимот од ОАЕ ја контролираше играта од самиот почеток и практично не им дозволи на противниците сериозно да се заканат.

Така, во големото финале на регионалното натпреварување ќе се сретнат Дубаи и Партизан, кој претходно ја елиминираше Црвена звезда со 2-0 во серијата.

Се вчитува...