Дубаи е тата-мата за шпанските гиганти, прво го реши Реал, а сега и Барселона

Кошаркарите на Дубаи ја остварија втората победа во второто коло во Евролигата сезонава и повторно поуспешни беа од шпански гигант.

Откако на стартот од сезоната со 78:77 го совладаа Реал Мадрид, сега тимот на Дубаи беше подобар од Барселона и тоа со 94:87.

Иако Барселона првата четвртина ја реши во своја корист со 23:25, во втората следеше вистински потоп кој го одлучи победникот. Барселона постигна само 12 поени, додека Дубаи даде 29 и на одмор замина со плус 15 (52:27).

 

Во второто полувреме, кошаркарите на Дубаи без големи проблеми, благодарение на одличниот шут и доминацијата под кошевите, ја зачуваа предноста до крајот и ја запишаа втората победа сезонава.

Предводник на Дубаи беше Кагенбеле со 21 поен и шест скока, а добра партија прикажаа и Рајт и Бејкон со по 14 поени и Блосомгејн со 10, додека на спротивната страна, Кевин Пантер постигна 25 поени.

Се вчитува...